Дачиќ вели дека Самитот на ОБСЕ во Скопје ќе биде „тежок состанок“

Ивица Дачиќ / Фото EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Српскиот миистер за надворешни работи Ивица Дачиќ кој на Самитот на ОБСЕ во Скопје ќе дојде заедно со министерот за надворешни работи на Казахстан, Мурат Нуртле, кој е во посета на Белград, изјави дека „овој состанок во Скопје ќе биде тежок“.

-Утре со министерот на Казахстан одам во Скопје. Имајќи ја предвид тежината на ситуацијата со која се соочува меѓународната заедница, не е лесно функционирањето на оваа организација, и имајќи предвид дека консензусот е начин на одлучување и дека не беше можно да се постигне договор за заедничките ставови и за најважните актуелни прашања, затоа овој состанок е важен. Да се обидеме да постигнеме компромис за буџетот и функционирањето на целата организација, без да зборуваме за тоа колку е загрозена таа организација што е создадена за време на Студената војна и постоењето на два блока за спречување конфликти. Ќе биде тежок тој состанок во Скопје, изјави денеска Ивица Дачиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот