Дачиќ: Ќе одам во Москва и ќе се сретнам со Лавров, ако може да оди мојот унгарски колега, зошто и ние да не одиме

Ивица Дачиќ / Фото: EPA-EFE/ROMAN PILIPEY

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, денеска потврди дека до крајот на годинава ќе ја посети Москва, каде што треба да се сретне со неговиот руски колега Сергеј Лавров.

„Нема да разговараме за ништо друго освен за нашите билатерални односи и за она што се однесува на мешовитиот Комитет и секако ќе се сретнам со мојот колега Сергеј Лавров. Кога може (унгарскиот министер за надворешни работи Петер) Сијарто да оди во Москва, зошто ние да не можеме, изјави Дачиќ во гостувањето на телевизија Хепи.

Дачиќ е копретседател на мешовитиот Комитет за соработка со Русија и посочи дека Србија му должи средба на Лавров затоа што не можел да дојде, а Никола Селаковиќ не отишол додека бил министер за надворешни работи.

Дачиќ додаде дека на 4 септември заминува во Џакарта, каде што ќе го потпише приемот на Србија во Асоцијацијата на државите од Југоисточна Азија (АСЕАН).

„Ние аплицираме 10 години, секоја земја треба да даде согласност и тоа беше многу тешко. За нас е исклучително важно да имаме уште еден механизам за соработка“, додаде Дачиќ.

Тој најави и дека претседателот Александар Вучиќ патува за Кина каде ќе учествува на Самитот „Појас и пат“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот