Дачиќ ја критикува одлуката за отстранување на спомен плочата на српските војници во Приштина

Ивица Дачиќ / Фото: EPA-EFE/ROMAN PILIPEY

Министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ денеска оцени дека скандалозен потег е отстранувањето и преместувањето на спомен плочата на српските војници загинати во Балканските војни и Првата светска војна, во воениот дел на православните гробишта во Приштина, особено затоа што доаѓа од земји кои треба исклучително да го почитуваат придонесот на Србија во Првата светска војна.

-Имајќи предвид дека ваквата одлука е донесена на предлог на француската и германската амбасада, а никој не ги известил ниту Србите кои живеат таму, ниту српските институции, тоа е скандалозен чин, без разлика што има некакви оправдувања со кои се служат. Овде нема политизација на тој чин, туку самиот тој чин е срамна политизација што е направена под притисок на албанските политички фактори во Приштина, рече Дачиќ.

Српскиот шеф на дипломатијата посочи дека во Приштина сакаат да скријат, преместат и уништат се што е српско, па затоа им пречат и спомениците и комеморативните плочи кои потсетуваат на големиот број жртви што ги направија Србите во Блканските војни и во Првата светска војна.

-Бидејќи сметаме дека Косово е дел од Србија, тоа не е предмет на активности на Министерството за надворешни работи во однос на каква било реакција, но нашите државни органи кои се занимаваат со прашањата на Косово и Метохија секако ќе ги преземат сите мерки за јасно да укажат пред претставниците на овие земји за неприфатливоста на таков потег, рече Дачиќ.

На прашањето дали таквиот потег може да ги наруши односите со Франција и Германија, Дачиќ кажа дека не треба да се зборува за тие категории, туку дека таквиот гест мора да се осуди.

-Дури и да сме најдобри можни пријатели, ако некој потег е лош, мораме да го осудиме. Во овој поглед, секако дека најостро го осудуваме таквиот гест, рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот