Д-р Мехмедовиќ: Омикрон е лесна варијанта, но не смеат властите да дозволат сите да се разболиме, тој може да мутира во поопасен вирус

Д-р Злате Мехмедовиќ / Фото: Скриншот, Јутјуб

Според него, бројот на ковид позитивни секој ден изнесува околу 20 илјади граѓани. Меѓутоа, во системот на Институтот за јавно здравје не се евидентирани, затоа што својот резултат го потврдуваат со брз и евтин тест од аптека, или пак воопшто не го потврдуваат, туку само ги лекуваат симптомите.

Доктор Злате Мехмедовиќ од Здравствен дом Скопје, кој во првите борбени редови ги лекуваше пациентите со ковид во минатите бранови, а и меѓу првите во државава алармираше за појавата на омикрон варијантата и нејзината заразност, за „Слободен печат“ вели дека бројките на новозаразени кои се регистрираат секојдневно, не кореспондираат на реалноста.

Според него, бројот на ковид позитивни секој ден изнесува околу 20 илјади граѓани. Меѓутоа, во системот на Институтот за јавно здравје не се евидентирани, затоа што својот резултат го потврдуваат со брз и евтин тест од аптека, или пак воопшто не го потврдуваат, туку само ги лекуваат симптомите. Според доктор Мехмедовиќ, недозволиво е да се дозволува граѓаните да се заразуваат со темпото со кое тоа сега се случува. Властите мора да воведат рестриктивни мерки, со цел да му застанат на патот на вирусот или барем да го забават неговото ширење.

-Апсолутно е логично да има превентивни мерки, да се намали присуството во угостителските објекти и кафеаните, а ковид пропусниците да го добијат своето вистинско значење. Не може 100 проценти од населението да има вакцинален сертификат, а само 40 проценти да се вакцинирани и прележани во реалноста. Сценариото со омикрон кое го живееме во моментот е среќна варијанта, затоа што не создава тешка форма на болеста. Но, со омикрон има проблем, а тоа е што преносливоста на вирусот од човек на човек, може да создаде нови варијанти кои ќе измутираат уште повеќе, а некои од тие мутации може да се поопасни, објаснува доктор Мехмедовиќ.
Омикрон варијантата на коронавирусот има 50 мутации од кои 32 се на спајк протеинот. Ова не го направи вирусот клинички поопасен, но постојат студии кои покажуваат дека има можност за функционални подобрувања на вирусот, односно тој во иднина да стане со потешка клиничка слика. доколку следната мутација го избегнува создадениот имунитет.
-Постојат варијанти за лоши сценарија во иднина со реални можности. Тие варијанти не се дефинитивни, но може да се случат. Може да се случи во иднина да има послаби варијанти од омикрон, ама има и можност, односно емпириски е докажано, дека може да има и функционално унапредување на вирусот, односно да биде полош, објаснува Мехмедовиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот