Д-р Крстеска: Липосукцијата без нож ги решава масните наслаги  

Липосукцијата „со нож“, позната како инвазивна липосукција и липосукцијата „без нож“, неинвазивната липосукција, даваат исти резултати – тело какво што посакуваме, без масни наслаги на стомакот и колковите. Но, што е подобро?

Сите знаеме што е липосукција, тоа е инвазивен третман за отстранување на поткожни масни наслаги, оперативен метод после кој резултатите се веднаш видливи. Некои ја сметаат за полесен, а други за потежок пат до поубава линија. Оние кои можат да си ја дозволат, на кои не им пречат болката и непријатностите, и на кои тешко им е да се придржуваат до правила во исхраната, липосукцијата ќе им дојде како „мелем“ на маката. Сепак, треба да се биде многу внимателен!

Најпосле, цената на еден оперативен третман, на пример, липосукција на стомакот, многу варира и се движи од илјада до четири илјади евра. Прашањето е колку овој скап, инвазивен третман е безбеден. А, траен, секако, не е. Салото се враќа со лошите навики, па без адекватна исхрана, набргу ќе мора да одите повторно „под нож“.

На оваа тема, како да примениме липосукција ама без нож, разговараме со доктор Валентина Крстеска.

Кога сте на липосукциска исхрана, јадете вистинска храна – месо, риба, јајца, млечни производи, зеленчук. Мастите не се избегнуваат зашто тие играат важна улога во нашиот организам, но се одбираат вистинските.

– Наспроти липосукцијата, липосукциската исхрана е здрава исхрана за слабеење и дава малку побавни резултати од самата липосукција, но тие резултати не се физички болни, а килограмите не се враќаат! Затоа, оваа исхрана се нарекува уште и неинвазивна липосукција или липосукција без нож – потенцира д-р Крстеска.

Основа на оваа исхрана за слабеење е тврдењето на нутриционистот Кенан Мандра дека лошо се храниме и дека треба да се вратиме на вистинските хранливи вредности, а да ја оставиме онаа, спакуваната храна во ќеси, фолии и кутии. Тој смета дека голем број диети кои промовираат здраво слабеење, се базираат на потполно погрешни принципи и постои погрешно убедување дека за губење на килограми треба да јадеме само житарки, салата и овошје. Таквите диети не ни даваат доволно енергија, па се чувствуваме гладни и желни за храна, имаме потреба за шеќери, а потоа посегнуваме за погрешна храна која е всушност, причина за формирање на масни наслаги.

– Кога сте на липосукциска исхрана, не се живее на салати и житарки, туку се јаде вистинска храна – месо, риба, јајца, млечни производи, свежо овошје и зеленчук. Мастите не се избегнуваат зашто тие играат важна улога во нашиот организам, но се одбираат оние вистинските. Липосукциската исхрана не се базира само на храна, туку и на додатоци во исхраната, односно суплемети кои се протеински напивки направени на база на сурутка. На овој начин се одржува ситоста, силата на мускулите и се зајакнува имунитетот – вели д-р Крстеска.

Липосукциската исхрана има повеќе третмани што траат во различен временски период, а кој третман вам ќе ви биде потребен зависи од тоа колку вишок на килограми имате и колку од тоа се масти, вода и мускулна маса. Многу е важно да му се обезбеди на телото вистински извор на енергија, а тоа во липосукциската исхрана се прави преку препаратите „Липо алфа“ и „Липо бета“.

Доколку самоволно ги отфрлите јагленохидратите од исхраната, а не му обезбедите на телото доволно протеини, масните наслаги ќе ги губите заедно со мускулната маса, а со самото тоа ќе загубите и добар дел од вашето здравје. Затоа, треба да се придржувате на добриот план на исхрана прилагоден само за вас! Односно, пред да ја почнете липосукциската исхрана, потребно е да се посоветувате со екпсерт, кој, во директна консултација со вас, ќе го одреди вистинскиот третман за вас.

Закажете и вие бесплатен совет и консултација во „Липо диет“ центарот, (на улица „Димитрие Чуповски“ број 22, спроти поранешен „Мекдоналдс“) или јавете се на телефоните 02 3151714, 070 535033. Протоколот за слабеење може да го нарачате и на домашна адреса.

(комерцијален текст)

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот