Црногорците удираат по џебот на мрзливите пратеници: Кој не доаѓа на седници ќе добие само пола плата

Административниот одбор на црногорското Собрание ќе го разгледа утре предлогот пратениците кои не доаѓаат на седници да им се намалат платите и до 50 отсто.

„Таа точка е на дневен ред. Ќе расправаме за тоа“, вели претседателот на одборот Љуид Шкреља.

Казнените одредби за пратениците кои не доаѓаат на собраниските заседанија ќе почнат да се применуваат од 1 октомври.

Собранието на Црна Гора летово усвои измени на собранискиот деловник со кој е предвидено на пратеникот кој неоправдано отсуствува од една седница да му се намали месечната заработувачка за 30 отсто, а од две или три во текот на месецот за 50 отсто. Пратениците Демократи и Граѓанското движење УРА од конституирањето на овој Парламент не учествуваат во неговата работа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот