Црна Гора презема долг на Монтенегро ерлајнз во износ од 85 милиони евра

Црногорската држава ќе преземе 85,3 милиони евра долг на Монтенегро ерлајнз за даноци, придонеси, врз основа на веќе извршени плаќања од буџет, како и доспеани обврски кон Аеродроми на Црна Гора, Контрола на летање на Србија и Црна Гора, Хипотекарната банка и доставувачи, се предвидува со Предлог-законот за вложување во консолидација и развој на МА.

Со предложеното законско решение, како што објави денеска „Побједа” се предвидува докапитализација на националниот авио-превозник со вложување на 155 милиони евра во следните шест години за покривање на доспеаните обврски кон доверителите и инвестициите во развој.

„Долгот на МА врз основа на преземање на долгот во износ до 85,3 милиони евра кон државата, зголемен за камати и други евентуални споредни побарувања од денот на стапување во сила на овој законот до денот на преземање на овој долг, ќе биде претворен во акционерски капитал на МА”, се наведува во предложеното законско решение.

Исто така, се предвидува државата да обезбеди 11 милиони евра за изнајмување авиони и мотори, а во периодот од 2021 до 2024 година да обезбеди до 50 милиони евра за набавка на авиони плус ДДВ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот