ЦИВИЛ ги набљудува изборите со 314 набљудувачи

ЦИВИЛ ќе одржи шест прес конференции во текот на изборниот ден (15 јули) и тоа во 8, 10, 13, 16, 18 и 22 часот. Веднаш по завршувањето на прес конференцијата во 22 часот, ќе се одржи панел дискусија за оценка на изборниот процес, со учество на членови на тимот на ЦИВИЛ, како и Сашо Орданоски, Јасна Бачовска Висар Адеми. Прес конференциите и панел дискусијата ќе се пренесуваат во живо на Фејсбук страницата на ЦИВИЛ. Сите медиуми се добредојдени да ги преземаат видео содржината и извештаите на ЦИВИЛ.

Прес центарот на ЦИВИЛ на 15 јули ќе биде во хотел Порта, Аеродром. Организацијата ќе обезбеди бесплатен такси превоз за сите новинарски екипи до хотелот (потребно е да се приложи уредна сметка). Во прес центарот ќе биде обезбеден и простор за новинарските екипи за работа, закуска и освежување.

Граѓанската асоцијација МОСТ ќе одржи четири прес конференции, кои ќе се одржат во 9, 11, 15, и 19 часот.

Државната изборна комисија ќе одржи седум прес конференции, во 9.30, 11.30, 13.30, 15.30, 17.30, 19.30 и 21.00 часот како и дополнителна прес конференција за соопштување на првичните неофицијални резултати.

ЦИВИЛ ги набљудува изборите со 314 набљудувачи, од кои сите се мобилни. Тие го набљудуваат процесот во 16 категории, вклучувајќи ја и новата категорија што се однесува на почитувањето на мерките за заштита од коронавирусот.

Изборите ги набљудуваат осум акредитирани граѓански организации од земјата со вкупно 2.508 домашни набљудувачи. Акредитирани се и 21 меѓународни набљудувачки мисии, вклучувајќи ги и амбасадите со 154 набљудувачи и преведувачи.

ДИК акредитира 55 странски новинари што ќе известуваат на 15 јули.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот