Царовска: Ниту еден наставник нема да остане без работа

Мила Царовска / 1 октомври 2020, Скопје / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Министерката за образование и наука, Мила Царовска вели дека новите реформи во образованието нема негативно да се одразат врз никој, туку напротив, децата би стекнале повеќе знаења, а ниту еден наставник нема да остане без работа.

– Модел на оценување ќе биде презентиран на јавната презентација и тука исто така има јасна насока за тоа како ќе се формираат оцените и како ќе се вршат тестирањата. Овие модели се веќе проверени во многу земји и успешно функционираат, оттаму нема потреба од грижа за тоа дали ќе може соодветно да се оценува или тестира- вели Царовска за „Локално“.

Што се однесува до наставниците, Царовска е децидна дека секој ќе го здржи своето работно место.

-Никој, ама буквално никој нема да остане без работа, напротив за нив се отвораат нови можности за напредок во кариерата, личен развој и повисоки приходи. Прво, наставникот ќе добие поголема автономија во осмислување и реализација на часовите, нешто што самите го бараат. Второ, наставниците бараат многу поголема поддршка од системот и со реформата ќе им ја обезбедиме, а тоа е пред се современи наставни средства и методи како и платформи и ресурси за размена на искуства. Трето, со реформата обезбедуваме подобар кариерен и професионален развој по јасно поставен мерит систем, поголеми приходи и можност за напредок. Ова е една од моите клучни заложби кои ќе ја подигнат мотивацијата на наставниците и квалитетот на наставата. Оттаму колку што реформата ќе биде придобивка за учениците, толку истата е придобивка и за наставниците и образовните работници- вели Царовска.

Новиот концепт во образованието, со кој предметот Историја и други предмети ќе се интергират во еден предмет,  крена огромна бука на социјалните мрежи. За оваа тема на новинарско прашање пред два дена даде одговори министерката за образование и наука, Мила Царовска.

Таа рече дека исто така и предметот Биологија и Хемија се интегрираат во друг предмет во исто време кога се отворени прашањата со нашиот сосед Бугарија, па запраша дали тоа прави некаква разлика.

-Зборуваме за интергација на природни и општестевни науки што се случува секаде во светот во развиените змеји, кои постигнуваат огромни резултати кај своите ученици. Нашата идеја е да создадеме младина, иднина, граѓани кои ќе ја движат оваа држава кон економски и социјален равој- рече Царовска.

ВИДЕО | Царовска: Преку интеграција на природните и општествените науки до европско образование

На овие промени во образованието реагираа лингвистите кои велат дека ова е скандалозна реформа на основното образование.

ВИДЕО | Груевска Маџоска: Укинат предметот историја, згрешена концепција и експериментирање со учениците!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот