ВИДЕО | Царовска: Преку интеграција на природните и општествените науки до европско образование

Новиот концепт во образованието, со кој предметот Историја и други предмети ќе се интергират во еден предмет,  крена огромна бука на социјалните мрежи. За оваа тема на новинарско прашање даде одговори министерката за образование и наука, Мила Царовска.

Таа рече дека исто така и предметот Биологија и Хемија се интегрираат во друг предмет во исто време кога се отворени прашањата со нашиот сосед Бугарија, па запраша дали тоа прави некаква разлика.

-Зборуваме за интергација на природни и општестевни науки што се случува секаде во светот во развиените змеји, кои постигнуваат огромни резултати кај своите ученици. Нашата идеја е да создадеме младина, иднина, граѓани кои ќе ја движат оваа држава кон економски и социјален равој- рече Царовска.

Промените кои ги правиме, рече Царовска, се добро осмислени врз основа на анализи и методологии коишто даваат каде се критичните точки.

-Нашите деца учат многу предмети, но само фактографски, без да поврзуваат- рече Царовска.  

-Ова не е прв пат да се случува во светот, ниту последен. Сите развиени земји во светот коишто се стремат да станат развиени земји, кои создаваат младина која е заинтересирана за учење и за развој прават ваков пристап. Ова се најновите и  најмодерните пристапи кои ќе ги поримениме на новите генерации и ќе бидам среќа да ги видиме резултатите во наредниот периот- рече Царовска.

Професорката Симона Груевска Маџоска, од Институт за македонски јазик вчера реагираше за оваа тема која вели дека е скандалозна реформа на основното образование.

Нејзината објава на Твитер е во врска со презентација на Министерството за образование и Бирото за развој на образованието кои најавуваат дека веќе ќе нема посебен предмет историја туку историските факти ќе се учат како дел од “Општествени науки”.

ВИДЕО | Груевска Маџоска: Укинат предметот историја, згрешена концепција и експериментирање со учениците!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот