ЦУК: Спасени три лица кои се изгубиле на планината Галичица

Фото: Julian Cartwright / Alamy / Alamy / Profimedia

Центарот за управување со кризи соопшти дека денеска на планината Галичица од страна на Регионалниот центар за управување со кризи – Охрид, успешно се спасени двајца мажи, странски државјани и една жена кои се изгубиле на оваа планина.

„Конкретно, во 16.19 часот преку Единствениот број за итни повици 112 во ЦУК е примена пријава за изгубените двајца мажи, странски државјани (од кои едниот имал повредена нога) и една жена во Националниот парк ‘Галичица’, во повисоките делови на истоимената планина. Двата мажа се пронајдени кај планинарската куќа на Н.П. ‘Галичица’ во 17.30 часот, а жената е пронајдена на подалечна локација во 17.50“, информираат од ЦУК.

Како што информираат од ЦУК, веднаш по дојавата за помош од изгубените, на терен брзо излегла екипата на единицата за спасување на планина од Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид, којашто е доброволна волонтерска организација, што делува во регионот околу Охридското Езеро, односно на територија на општините Охрид, Струга, Дебарца, Вевчани, Ресен и Поградец. За настанот ЦУК ги извести дежурните во Подрачната едниница на ДЗС, а и во МВР – ЦИК од Охрид.

Според дадените информации, лицата утрово тргнале од Охрид со сино возило и застанале на паркингот „Г6“, а потоа пешки се упатиле нагоре по пешачкиот дел на Галичица. Почнале да пешачат од 09.30 часот, но лицата се изгубиле по планинските патеки, па попладне се јавиле за помош на 112 во ЦУК, по што веднаш е организирала спасителна акција.

ЦУК извести дека, согласно информацијата од МВР – ЦИК Охрид, изгубените лица се пронајдени и тоа, двата мажа се пронајдени кај планинарската куќа на Н.П. „Галичица“ во 17.30 часот, а жената е пронајдена на подалечна локација во 17.50 на планината. Во спасувачката акција, покрај единиците од планинарска служба Охрид и Ресен учествувала и патрола од Гранична Полиција од Св.Наум.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот