ЦУК: Без пожари на отворено, поплавен подвозник, одрони на патиштата и најавени минирања заради градежни работи

Фотографија МИА

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 1 652 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112.  Во последното деноноќие, „реални“ повици биле 61,38%, а 38,62% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 69,82% и кон Итната медицинска помош 28,00%, од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 784 повика за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици (2,18) и на тие што се именувани како „неитни повици“(38,62%). Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).

Во последното деноноќие немаше пожари на отворено, имаше само урбаниа пожарникарите беа ангажирани и за отстранување вода од порои.
Конкретно, Регионалниот ЦУК Тетово информира дека пожарникарите од ТППЕ Тетово, вчера, од 13.15 до 15.05 часот, имале техничка интервенција за испумпување вода, што била насобрана од порој, од подвозникот што води од Тетово кон с.Фалише.

Коловозите во државата се на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци во последното деноноќие. Екипите ги отстранувале одроните на патот и нема прекин на сообраќајот, Но, сепак, на тие што патуваат се препорачува внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има вообичаено почесто можност од појава на одрони при вакви променливи метеоролошки. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Најавени минирања денеска ќе има, па граќаните да не се вознемируваат од детонациите : од 12.00 до 17.00 часот локалитетот С. Бањица, автопат коридор 8 и 10 Тетово-Гостивар–Букојчани и Требеништа Струга–Ќафасан; од 12:00 до 16:00 часот на автопатот „A2“ Кичево-Охрид што е во изградба и целодневни најавени минирања ќе има локалитетот кај Ореовец – Прилеп- Јама 6.

Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е потребно и е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот