CNN: Кина го ограничи објавувањето на истражувањата за потеклото на коронавирусот

Кина ќе започне кампања за промоција на мандаринскиот јазик, а целта е до 2025 година да го користи 85 отсто од населението/Фото: Profimedia

Кина го ограничи објавувањето на академски истражувања за потеклото на новиот коронавирус – укажуваат директивите на централната власт и соопштенијата на двата кинески универзитети, кои се oтстранети од интернет.

Споре новата политика, сите академски студии за Ковид -19 пред објавувањето ќе бидат дадени на дополнителна проверка и мора да ги одобрат официјални лица од централната власт, пишуваше во сега веќе избришаните постови, објавува Си-Ен-Ен.

Се чини дека зголемениот надзор е најнов напор на кинеските власти да ги контролираат извештаите за потеклото на пандемијата на коронавирусот, кој, од декември кога се појави во кинескиот град Вухан, однесе ширум светот повеќе од 100.000 животи и од кој се разболеа 1,7 милиони луѓе.

Од крајот на јануари, кинеските истражувачи во влијателните медицински меѓународни списанија објавија низа студии за Ковид – 19. Некои откритија за раните случаи на коронавирусот, како што е тоа кога првпат вирусот преминал од човек на човек покрена прашања во врска со офцијалната државна пресметка во Кина за избивањето на епидемијата и предизвика контроверзи во кинеските социјални медиуми. Но сега изгледа дека кинеската влада ја заострува контролата на објавувањето на истражувањата за Ковид – 19.

Еден кинески истражувач кој сакаше да остане анонимен за Си-Ен-Ен изјави дека тој потег е загрижувачки и дека веројатно ќе попречи важни научни истражувања. „Мислам дека тоа е координиран напор на кинеската влада да претстави дека пандемијата не потекнува од Кина“, вели овој истражувач за медиумот.

Тие од министерството за надворешни работи на Кина побараа одговор, но не го добија. По налог на одделението на Минстерството за образование, задолжено за наука и технологија „мора строго и цврсто да се управува со академските написи за трагањето по потеклото на вирусот“. Таа директива превидува слоевит низ одобрувања за тие трудови, почнувајќи од академските одбори на универзитетите.

Потоа трудовите треба да ги прегледа Одделението за наука и технологија при Министерството за образование, кое потоа трудовите ги проследува до работната група на Државниот совет заради проверка. Притоа ќе се проценува и „академската вредност“ на студиите и дали е „време за објавување“, пишувало во директивата донесена врз основа на упатството од состанокот на 25 март на работната група на Државниот совет за спречување и контрола на Ковид -19.

Кинеските научници повеќе пати нагласуваа дека нема заклучок за точното потекло на вирусот

Во петокот кога тој документ е објавен на веб страницата на Универзитетот Фудан во Шангај, еден од водечките во Кина, Си-Ен-Ен го повика Министерството за образование кое потврди дека издало таква директива.

Неколку часа подоцна,  страницата на Универзитетот Фудан е падната. Слично се случи и со академските трудови кои ги објави Универзитетот во Вухан, кои потоа ја избршаа таа страница. Кон крајот на декември Вухан извести за првите случаи со коронавирус, кои властите ги поврзаа со пазарот со морски плодови. Научниците во Кина, и на Запад рекоа дека веројатно вирусот стигнал од лилјаци и преминал на луѓе преку некој посредник, токму како и неговиот „роднина“ кој предизвика епидемија на САРС во 2002 и 2003 година.

Според Си-Ен-Ен, кинеските научници се плашат дека властите би сакале да прикријат важни информации за ширење на инфекцијата.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Џао Лијајан на социјалните медиуми постојано пишувал дека вирусот го донела во Кина американската војска.

„Тоа е дел од националниот наратив за тоа дека вирусот не е од Кина“, изјавиле анонимни научници за Си-Ен-Ен.

Вестите за коронавирусот досега нормално се објавуваат досега, а сепак, властите сега бараат секоја таква работа дополнително да биде одобрена од министерството со редовни универзитетски процедури.

Универзитетот погрешно ја толкувал инструкцијата на владата и откако дописниците на Си-Ен-Ен побарале коментар, документот е отстранет.

„Требаше да биде внатрешен документ“, рече анонимен извор. Кинеските власти ги криеја клучните информации уште од избувнувањето на заразата, тврдејќи во средината на јануари дека немало пренесување на вирусот од човек на човек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот