Чоколадото е сѐ поскапо, поради повисоките цени на млекото

Состојките за производство на чоколадо се се поскапи, поради што оваа омилена бонбона за многумина станува недостапна. Во Европа особено се зголеми цената на една од неговите состојки. Чоколадото Блек Тандер, произведено од јапонската компанија Јураку, е едно од најевтините чоколадни плочки во светот. За последните три децении чинеше 30 јапонски јени (0,40 км), објави Кликс.ба.

Љубителите на чоколадата во Јапонија беа непријатно изненадени кога цената на 1 март порасна на 35 јени (0,47 км). И кога Јураку во 2019 година одлучи да купи поскапо какао од швајцарската компанија Бери Калебаут, потрошувачките цени останаа исти. Што е различно сега?

Според извештајот на споменатата швајцарска компанија, цените на какаото во првиот квартал годинава биле повисоки за 8,1 отсто бидејќи побарувачката за него е поголема од понудата и тоа по две години големи вишоци. Поскап е и шеќерот. На светскиот пазар поскапува за 1,4 отсто поради намалувањето на извозот од Индија.

Сепак, во Европа е поскап за 92 отсто поради ниските залихи и високите цени на енергијата. Причината зошто чоколадите се се поскапи се млечните производи кои се користат за нивно производство. Цената на млекото е за 15,7 отсто повисока во однос на истиот период лани. Цените на сите производи на Нестле, најголемиот светски производител на храна, минатата година пораснале за 8,2 отсто. Сепак, од тој раст најмалку биле погодени чоколадните производи, пишува Свисинфо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот