Чоколадни топчиња со Нутела: Најлесен рецепт за десерт кој сите ќе го обожаваат

Фото: Пекселс/paloma-clarice

Чоколадото и лешникот се совршен пар, па не е чудно што тие се протагонисти на бројни десерти. Овие топчиња не се исклучок.

Чоколадните топчиња со Нутела се направени од само пет состојки. Не мора да ги печете, а рецептот ќе го совладаат и најголемите аматери во кујната. Потребно е чоколадото да се стопи, павлаката да се загрее, лешниците да се исецкаат ситно, а потоа да се измешаат сите состојки.

Најтешкиот дел од подготовката е да се чека топчињата да се стврднат и да бидат подготвени за сервирање.

Состојки:

250 г чоколадо за готвење
120 мл слатка павлака за шлаг
100 г Нутела
50 г печени лешници
30 г путер

Подготовка:

1. Чоколадото искршете го на мали парчиња и стопете го во пареа или микробранова печка. 60 секунди во микробранова ќе бидат доволни за целосно да се стопи чоколадото.
2. Чоколадото убаво измешајте го и оставете го на страна.
3. Во тенџере загрејте ја павлаката за готвење.
Загреаниот шлаг прелијте го врз чоколадото и измешајте сè додека не се соединат состојките.
4. Измешајте Нутела и путер на собна температура во чоколадната смеса.
5. Додадете ситно сечкани лешници и сè убаво измешајте.
6. Добиената смеса покријте ја со пластична фолија и ставете ја во фрижидер да се стегне околу половина час.
7. Од изладената смеса формирајте мали топчиња – за секое топче употребете околу една кафена лажичка од смесата. Ќе забележите дека смесата ќе биде доста леплива, па работете што е можно побрзо.
8. Топчињата ставете ги во фрижидер да се стегнат уште триесет минути, па послужете ги. Добар апетит!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот