Членови на СДСМ од Радовиш запалија членски книшки и партиско знаме незадоволни од новиот кандидат за градоначалник

Палење партиско знаме и партиски книшки во Радовиш / Фото: Телевизија Кобра

Приврзаници на актуелниот градоначалник на Радовиш, Герасим Конзулов, поради незадоволството од изборот на новиот кандидат за градоначалник Коле Чаракчиев што беше промовиран од партијата СДСМ, се собраа на протест на кој го запалиле партиското знаме и членски книшки.

Како што објави локалната телевизија Кобра, членовите на СДСМ од Радовиш кои бурно протестираа против одлуката на раководството на СДСМ, сметаат дека таквата одлука ја поделила партијата.

Видеото можете да го погледнете тука.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот