Честитка на Ковачевски за 23 Октомври: Со гордост се сеќаваме на храброста на македонските револуционери во борбата за независност

Премиерот Димитар Ковачевски, денеска упати честитка до граѓаните по повод 23-ти Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

-На Денот на македонската револуционерна борба, 23-ти Октомври, со гордост се сеќаваме на храброста и истрајноста на македонските револуционери во борбата за независност и македонска државност. Без македонските револуционери, нивната прогресивност, нивната силна желба за слобода и правда, незамислив е континуитетот на ослободителната борба и вековниот идеал за независна македонска држава, се вели во честитката на Ковачевски.

Нивната храброст и одлучност, како што потенцира премиерот, е мотив ние денес гордо и достоинствено, обединети и со забрзан чекор да ги остваруваме државните цели.

-Учиме од историјата и чекориме силно и храбро кон иднината. Нека ни е честит 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, додава Ковачевски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот