Челси ја одби првата понуда од Интер за Лукаку

Ромелу Лукаку минатото лето од Интер за сума од 115 милиони евра потпиша за Челси/ фото: EPA-EFE/Vince Mignott

Челниците на Челси ја одбија понудата на Интер за напаѓачот Ромелу Лукаку бидејќи била понижувачка.

Според новинарот Фабрицио Романо, Интер за Лукаку за едногодишна позајмица понудил 7 милиони евра, 5 милиони плус 2 милиони евра во бонуси, но управата на Челси експресно ја одби оваа понуда.

Според новинарот Романо, денеска се очекува нова рунда на преговори на претставници меѓу двата клуба, а Интер наводно е подготвен да достави нова подобра понуда.

Челси минатото лето му плати на Интер 115 милиони евра за трансферот на Лукаку, но белгискиот репрезентативец имаше разочарувачка сезона во која постигна само 15 гола во 44 натпревари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот