Челниците на Јунајтед доколку го послушаа Рангник во јануари сега ќе имаа тим за титула

Ралф Рангник/ фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Манчестер јунајтед новата сезона ја започна со нов тренер, Ерик тен Хаг, но со резултат кој не го очекуваа навивачите, пораз од Брајтон од 1:2 и тоа на „Олд трафорд“, но доколку го послушаа поранешниот менаџер ќе имаа еден од најдобрите тимови во Премиер лигата.

Иако Јунајтед беше активен на трансфер пазарот, англиските медиуми откриваат дека Ралф Рангник кој летово си замина од „Олд трафорд“ уште во јануари годинава на управата и доставил листа од четири фудбалери кои треба да се ангажираат за екипата да биде конкурентна во трката за трофеите.

Првото име кои Рангник го предложил е хрватскиот репрезентативец за кого сега премиерлигашите нудат и по 80 милиони евра, Јошко Гвардиол од Лајпциг. Згора на тоа, Рангник и назначил на управата дека Гвардиол морало по секоја цена да се купи уште во зимскиот преоден рок бидејќи бил идеално решение за одбраната и очекува во летниот преоден рок да му се крене цената, што и се случи.

На листата на Рангник се наоѓаат уште двајца фудбалери на Лајпциг, напаѓачот Кристофер Нкунку кого сакал да го донесе во Јунајтед веднаш по неговото пристигнување и Конрад Лаимер кој требало да биде освежување во средината на теренот.

Сите тројца фудбалери останаа во Лајпциг, а германскиот тим досега упорно ги одбива понудите за нив иако тие изнесуваат 70-80 милиони евра.

Последното име е тоа на Хулијан Алварез кого на крајот Манчестер сити го купи од Ривер Плата за 17 милиони евра.

Англиските медиуми тврдат дека доколку управата го послушаше Рангник и ги донесеше Гвардиол, Лаимер, Нкунку и Алварез, Манчестер јунајтед ќе беше еден од главните фаворити за трофеите оваа сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот