Чави и порача на управата: Сакам да го имам Дембеле во тимот и следната сезона

Чави и Дембеле/фото: EPA-EFE/Alejandro Garcia

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез смета дека Осман Дембеле по секоја цена мора да остане на „Камп Ноу“ и управата мора да стори сè за да потпише нов договор со францускиот репрезентативец.

Договорот на Дембеле со Барселона истекува на крајот од месецов, а сите преговори за продолжување на соработката не беа успешни.

Но, Чави на последниот состанок во управата на Барселона јасно и порача дека сака Дембеле да остане во тимот и следната сезона.

– Крилото што го сакам за следната сезона е Дембеле и мораме да ги истражиме сите опции кои ги имаме и да потпишеме нов договор со него – им рекол Чави на челниците на Барселона.

Осман Дембеле во Барселона пристигна во 2017 година од Борусија Дортмунд за рекордни 140 милиони евра. По неговото пристигнување на „Камп Ноу“, францускиот репрезентативец постојано беше на удар на јавноста и на навивачите поради слабите игри, неспортскиот живот, но со доаѓањето на Чави за тренер, работите драстично се променија. Дембеле одигра фантастична сезона и беше еден од најдобрите играчи на Барселона.

Самиот фудбалер во неколку наврати порача дека сака да остане во Барселона се додека Чави седи на клупата, но проблем прави неговиот агент кој инсистира Дембеле да потпише за ПСЖ или за заинтересираните англиски премиерлигаши бидејќи му нудат поголема плата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот