Цените на нафтата достигнаа највисоко ниво во последните пет месеци

Нафта / Фото: Архива на Слободен печат

Цените на нафтата се зголемија за повеќе од четири отсто минатата недела, достигнувајќи го највисокото ниво во последните пет месеци, што најмногу е последица на зголемените тензии на Блискиот Исток.

На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела скокна за 4,2 отсто, на 91,17 долари, додека на американскиот пазар барелот поскапе за 4,5 отсто, на 86,91 долар.

Трговците се загрижени и за нападите на украинските беспилотни летала врз рафинериите во Русија, кои, според пресметките на Ројтерс, можеби блокирале околу 15 отсто од рускиот капацитет за преработка на нафта.

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и сојузниците на картелот, вклучително и Русија, ја потврдија, сепак, на минатонеделниот состанок одлуката за ограничување на производството, барајќи од поединечните земји построго да се придржуваат до доделените квоти.

„Построго следење на усогласеноста со квотите треба да резултира со дополнителни намалувања на производството во второто тримесечие“, напишаа аналитичари во белешка до клиентите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот