Цените на горивата денеска нема да се менуваат

Фото: Архива на „Слободен печат“

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска нема да носи одлука за промена на малопродажните цени на нафтените деривати. Како што велат од РКЕ, денеска нема предуслови за да се корегираат цените на нафтените деривати и затоа цените остануваат исти.

Со тоа, денеска и утре остануваат да важат актулените цени на нафтентите деривати, односно ЕУРОСУПЕР БС – 95 и понатаму ќе се продава за 86,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 88,5, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 88, Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 83,5 денари за литар, а Мазутот М-1 НС за 60,914 денари за килограм.

Со последните измени на правилникот за одредување на малопродажните цени на нафтените деривати, РКЕ може секој ден да носи одлуки за промена на цените на нафтените деривати доколку пресметката за цената на било кој нафтен дериват оди нагоре или надоле за два денара. За пресметката РКЕ го зема просект од претходните петдневни котации на берзата и врз неа воопшто не влијае цената на суровата брент нафта на светскиот пазар. Со оглед на тоа дека за викенд нема тргување на берзата, се разгледува просекот од цената што ја имал секој нафтен дериват посебно од понеделникот до петокот претходната недела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот