Цените и на новите, но и половните автомобили нема да паѓаат

автомобили
автомобили / фото: EPA/EFE

Во Западна Европа ќе има делумно заздравување, но нема да биде големо, вели Виктор Мизо, претседател на Асоцијацата на странски компании со напредно производство

Генерална стабилизација на автомобилската индустрија може да се очекува следната година, но нема да има намалување на цените на автомобилите. Од 2020 година автомобилската индустрија постојано паѓа, но оваа година конечно имаше благ пораст. Но, не очекуваме ништо што е приближно до продажбата од пред неколку години, вели за „Слободен печат“, Виктор Мизо, претседател на Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство.

-Оваа година имавме пад и покрај тоа што последните 4 месеци имавме зголемување на продажбата на автомобили. Но, не очекуваме ништо што е приближно до продажбата од пред 4-5 години. Растот е претежно во Кина и САД, бидејќи нив оваа енергетска криза не ги погодува во ист обем, а исто така инфлацијата таму е поублажена и веќе почнува да паѓа. Во Западна Европа ќе има делумно заздравување, но нема да биде големо – анализира Мизо.

Според него, ризиците се големи и поради тоа има повеќе опции, а една од нив е и можно намалување на производството од 20 отсто.

-Помалку ќе бидат погодени кои се добавувачи на електрични и хибридни возила, бидејќи пазарот на овие автомобили е во подем, а повеќе оние кои произведуваат автомобили за широки народни маси или автомобили со внатрешно согорување. Значи кај премиум класата автомобили ќе има раст на продажбата, но кај оние од ниска и средна класа, нема да се почувствува многу- додава Мизо.

Инаку, последните извештаи од европскиот пазар на половни автомобили, покажуваат дека нивната просечна цена го пробила историскиот рекорд. Европските експерти истакнуваат дека актуелните цене веќе сега се за околу 12 отсто повисоки и се очекува дека оваа година ќе ја пробијат границата од 25.000 евра, што е речиси еднакво со цените на одредени модели на нови возила.

Инаку, според податоците на Царинската управа на Македонија заклучно со ноември во земјава се увезени вкупно 6.902 нови и 18.042 употребувани возила. Лани пак до крајот на декември биле увезени 5.815 нови и 34.858 употребувани возила. Импортерите велат дека и натаму имаат проблем со испораките на новите автомобили, кој трае веќе две години и е предизвикан од глобалниот недостиг на чипови, но и на транспортот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот