Радио Кина: Животот се враќа во услужниот сектор

Кинескиот услужен сектор зема замав во првите месеци од 2023. Во југозападниот град Ченгду, има видлив пораст на клиентите во рестораните и продавниците, јавува Радио Кина. Со влегување во новата година, услугите за храна во градот Ченгду, југозападна Кина, исто така забележуваат силен пораст, пренесува „24Часа“.бг. „Со прилагодувањето на политиките за превенција и контрола на …

Радио Кина: Животот се враќа во услужниот сектор Read More »

ВО ЖИВО | Избори 2024 – вести од минута во минута

Во Македонија вчера се одржаа претседателски и парламентарни избори. Во продолжение можете да ги следите ги најновите информации од минута во минута.

Катимерини: Обновената криза со Македонија доаѓа во незгоден момент за Грција

Потврдата на растечкиот тренд на националистичките сили претставени од ВМРО-ДПМНЕ, преку изборот на новата претседателка на Северна Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, и очекуваната влада од истата партија, не ја изненади Атина која се определи за став на чекање и гледање, пишува утрово грчки Катимерини. -И Сиљановска-Давкова и Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, доколку не се случи …

Катимерини: Обновената криза со Македонија доаѓа во незгоден момент за Грција Read More »

Вучиќ и ја честита изборната победа на Сиљановска-Давкова

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и ја честиташе победата на Гордана Сиљановска-Давкова во вториот круг од претседателските избори во Северна Македонија. Тој во пораката објавена на платформата Х, вели дека е убеден оти двете земји ќе продолжат да работат заедно на зајакнување на врските со цел напредок и благосостојба, како и на просперитетот на целиот …

Вучиќ и ја честита изборната победа на Сиљановска-Давкова Read More »

Евроамбасадорот Гир ја честита победата на Сиљановска-Давкова

Амбасадор на Европската Унија во Република Северна Македонија Дејвид Гир, утрово на Х и ја честиташе победата на Гордана Сиљановска-Давкова на вчерашните претседателски избори. – Честитки до Гордана Силјановска-Давкова за нејзиниот избор за претседателка на Северна Македонија. Очекувам тесна соработка со неа за европската иднина на земјата, напиша Гир на Х. Според последните резултати објавени …

Евроамбасадорот Гир ја честита победата на Сиљановска-Давкова Read More »

Новиот состав на Собранието треба да се конституира најдоцна 20 дена по изборите

Мандатот на новиот собраниски состав што беше избран на вчерашните парламентарни избори, почнува да тече од конститутивната седница на Собранието. Според одредбите од Уставот, новоизбраното Собрание се состанува на конститутивна седница најдоцна 20 дена по одржаните избори. Конститутивната седница ја свикува претседателот на Собранието од претходниот состав. Доколку не се закаже конститутивна седница во предвидениот …

Новиот состав на Собранието треба да се конституира најдоцна 20 дена по изборите Read More »

ФОТО: Во скопски Капиштец падна дрво како последица на силниот ветер

Во скопската населба Капиштец падна дрво како последица на силниот ветер кој го погоди главниот град. Паднатото дрво не предизвика посериозна штета. Како што претходно беше најавено, вечерва се очекува силно невреме со дожд и ветер.

ЈСП вози по неделен возен ред

Јавниот превоз во Скопје денеска ќе вози по неделен возен ред, а жичницата нема да работи, соопштија денеска од Одделението за односи со јавност во ЈСП Скопје . Дежурни од 7 до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.

ЈСП утре ќе вози по неделен возен ред

Согласно одлуката на владина седница, утрешниот ден е неработен поради одржување на Претседателските и Парламентарните избори, а јавниот превоз во Скопје ќе сообраќа по неделен возен ред. -Ве информираме дека утре јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а Жичницата нема да работи, соопштија од ЈСП. Дежурни од седум до 14 часот ќе бидат …

ЈСП утре ќе вози по неделен возен ред Read More »

Аеродром денеска под посебен сообраќаен режим

Во Скопје денеска ќе се одржи централното одбележување на 7 Мај – Денот на македонската полиција. Поради одбележувањето на Денот на македонската полиција во периодот од 8 до 18 часот ќе биде воведен пособен сообраќаен режим во овој дел од градот. Затворен за сообраќај ќе биде булеварот „АСНОМ“ на потегот од крстосницата со булевар „Србија“ …

Аеродром денеска под посебен сообраќаен режим Read More »

По повод Денот на полицијата утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Во Скопје утре од 08 до 18 часот ќе биде воведен посебен сообраќаен режим поради одбележување на 7 Мај – денот на полицијата. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во овој временски период затворен за сообраќај ќе биде булеварот „АСНОМ“ на потегот од крстосницата со булевар „Србија“ до крстосницата со булевар „Февруарски поход“. Единицата …

По повод Денот на полицијата утре посебен сообраќаен режим во Скопје Read More »

Кинескиот претседател ја заврши посетата на Србија

Кинескиот претседател Си Џинпинг ја заврши дводневната посета на Белград, а вечерва беше испратен од српскиот претседател Александар Вучиќ на аеродромот Никола Тесла, јавија српските медиуми. На испраќањето на кинескиот претседател и неговата сопруга, присуствуваа и сопругата на српскиот претседател, претседателката на српскиот Парламент Ана Брнабиќ, премиерот Милош Вучевиќ и министерот. за надворешни работи, Марко …

Кинескиот претседател ја заврши посетата на Србија Read More »

Италијанскиот амбасадор во Србија: Се уште не е дојдено времето за членство на Косово во СЕ

Италијанскиот амбасадор во Србија, Лука Гори оцени дека се уште не е дојдено времето за членство на Косово во Советот на Европа и нагласи дека за такво нешто е неопходен суштински напредок во формирањето на Заедницата на српските општини. „Тоа е ставот што Италија го зазеде заедно со Франција, Германија и другите земји-членки на ЕУ …

Италијанскиот амбасадор во Србија: Се уште не е дојдено времето за членство на Косово во СЕ Read More »

Ескобар: Посетата на Си на Белград ги зголемува тензиите помеѓу Србија и Западот

Заменик-помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија во заминување Габриел Ескобар денеска изјави дека посетата на кинескиот претседател Си Џинпинг на Белград ги зголемува тензиите меѓу Србија и Западот. Тој на онлајн прес-конференција истакна дека е „нездраво“ да се подигнат тензиите меѓу Србија и Западот и ги повика партнерите „да бидат внимателни кон …

Ескобар: Посетата на Си на Белград ги зголемува тензиите помеѓу Србија и Западот Read More »

Американскиот амбасадор ја поздрави одлуката на Владата на Косово да ја олесни замената на српските возачки дозволи

Американскиот амбасадор во Приштина Џеф Ховениер денеска ја поздрави одлуката на Владата на Косово да ја олесни замената на српските возачки дозволи за косовски возачки дозволи како и нивното издавање. Тој на платформата Икс напиша дека САД ги поддржуваат оние напори кои овозможуваат понатамошна интеграција и подобрување на заедничката визија за инклузивно и мултиетничко Косово. …

Американскиот амбасадор ја поздрави одлуката на Владата на Косово да ја олесни замената на српските возачки дозволи Read More »

Нови детали за малечката Данка: Нејзина ДНК не е пронајдена на автомобилот со кој била удрена

Ниту на еден предмет земен во текот на истрагата за исчезнувањето на двегодишната Данка Илиќ од Србија не се пронајдени никакви биолошки траги од неа, дознава Нова.рс. Српскиот портал напиша дека досега се вештачени повеќе од 400 траги пронајдени во службеното возило за кои постои сомневање дека ги користеле Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ кога …

Нови детали за малечката Данка: Нејзина ДНК не е пронајдена на автомобилот со кој била удрена Read More »

Бајден планира да го заостри пристапот до азил на американско-мексиканската граница

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден има намера да го заостри пристапот до азил на границата меѓу САД и Мексико со нова регулатива која би можела да биде донесена уште денеска со цел да се намалат илегалните преминувања, изјавија тројца извори запознаени со ова прашање, пренесува Хина. Британските медиуми, наведувајќи ги анонимните извори, пренесуваат дека …

Бајден планира да го заостри пристапот до азил на американско-мексиканската граница Read More »

Бајден: Ако Израел изврши инвазија на Рафа нема да го снабдам со бомби и артилериска муниција

Претседателот на САД Џо Бајден за телевизијата Си-ен-ен синоќа изјави дека САД ќе запрат со испораките на американско оружје за Израел ако премиерот Бенјамин Нетанјаху нареди офанзива на градот Рафа во Појасот Газа. Во интервјуто тој призна дека американско оружје било употребено за убивање на цивили во Газа. -Цивили се убиени во Газа како последица …

Бајден: Ако Израел изврши инвазија на Рафа нема да го снабдам со бомби и артилериска муниција Read More »

Во Појасот Газа за три дена убиени 109 Палестинци, а 296 се ранети

Најмалку 109 Палестинци загинаа, а 296 се ранети во израелските напади врз Појасот Газа од понеделник до среда попладне, вклучително и жени и деца кои беа убиени во нападите врз станбени куќи во Рафа, соопшти Канцеларијата на Обединетите нации за Координација на хуманитарни прашања (UNOCHA), врз основа на информациите што ги доби од Министерството за …

Во Појасот Газа за три дена убиени 109 Палестинци, а 296 се ранети Read More »

Рускиот претседател Путин домаќин на средбата со лидерите на земјите од Евроазиската економска унија

Рускиот претседател Владимир Путин во Москва беше домаќин на средба со лидерите на земјите-членки на Евроазиската економска унија. На состанокот учествуваа Белорускиот претседател Александар Лукашенко, Казахстанскиот Касим-Жомарт Токаев, претседателот на Киргистан Садир Жапаров, Ерменецот Никол Пашинјан и набљудувачите, Шавкат Мирзијоев од Узбекистан и Мигел Дијаз-Канел од Куба, кои се собраа во Москва на самитот. „Русија …

Рускиот претседател Путин домаќин на средбата со лидерите на земјите од Евроазиската економска унија Read More »

Одделот за енергија на САД ќе купи сурова нафта за стратешки нафтени резерви

Министерството за енергетика на САД објави ново барање за купување нафта за надополнување на Стратешките нафтени резерви, се вели во соопштение до медиумите. Канцеларијата за нафтени резерви, бара до 3,3 милиони барели сурова нафта за испорака до стратешките резерви во октомври. Одлуката да се иницира ова купување, според соопштението, се усогласува со стратегијата за стекнување …

Одделот за енергија на САД ќе купи сурова нафта за стратешки нафтени резерви Read More »

Никица Мојсоска-Блажевски: Корупцијата е голема пречка за привлекување на странски инвестиции

Над 400 гости, околу 50 панелисти, три главни говорници ќе има на годинашниот Самит во организација на невладината „Македонија 2025“, што на 15 и 16 мај ќе се одржи во Скопје, а на кој главниот фокус ќе биде ставен на тоа како да дојдеме до повисоки стапки на раст на економијата. Во пресрет на Самитот, …

Никица Мојсоска-Блажевски: Корупцијата е голема пречка за привлекување на странски инвестиции Read More »

Курсна листа на НБРСМ: Колку чини еврото денес?

Според курсната листа на НБРСМ средниот курс на еврото денеска изнесува 61.4950 денари, а на американскиот долар 57.1196 денари. Средниот курс на британската фунта изнесува 71.6683 денари.

Очајнички бара келнер: Нуди 300 евра на секој што ќе му најде работник

Приказната за сопственикот на едно кафуле во центарот на Аоста, мало гратче во северозападниот дел на Италија, во близина на границата со Франција и Швајцарија, ја илустрира моменталната состојба на пазарот на труд во овој дел од Европа. Соочен со недостиг од работници, сопственикот се огласил и му понудил ваучер од 300 евра на секој …

Очајнички бара келнер: Нуди 300 евра на секој што ќе му најде работник Read More »

Кога грееме трошиме пет пати повеќе струја отколку кога ладиме

Кога на почетокот на пролетта наместо да се грееме, ги вклучуваме клима уредите за ладење сигурно се прашувате кога повеќе трошиме струја. Експертите велат дека повеќе струја се троши кога грееме бидејќи просечната разлика помеѓу внатрешната и надворешната температура за време на загревањето е околу 16-17 степени, додека за време на ладењето оваа разлика не …

Кога грееме трошиме пет пати повеќе струја отколку кога ладиме Read More »

Девизните резерви во април зголемени за 41,9 милиони евра

Девизните резерви на крајот на април годинава изнесувале 4.329 милиони евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 41,9 милиони евра, соопшти Народна банка. Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (58,7%), по што следуваат валутите и депозитите (30,1%) и монетарното злато (11,1%)

Албанскиот театар во Тирана ја изведе претставата „Диво Месо“ од Горан Стефановски

Албанскиот театар од Скопје на покана од Културно – информативниот центар на Република Северна Македонија, во Тирана ја изведе претставата „Диво Месо“ од Горан Стефановски во режија на Мартин Кочовски. -Духот од Горан Стефановски во неговиот текст, неговата модерност и актуелност на вистински начин ја почувствува тиранската публика во театарот АРТурбина, благодарение на маестралната игра …

Албанскиот театар во Тирана ја изведе претставата „Диво Месо“ од Горан Стефановски Read More »

Доделена државната награда „Гоце Делчев“ за значајни остварувања во областа на науката

Во Собранието на Северна Македонија попладнево беше доделена државната награда „Гоце Делчев“ за 2024 година за особено значајни остварувања во интерес на државата во областа на науката. Добитници се професор доктор Роберт Хадсон и професор доктор Иван Додовски за делото „Долга транзиција на Македонија: од независноста до Преспанскиот договор и потоа“, како и доктор Ана …

Доделена државната награда „Гоце Делчев“ за значајни остварувања во областа на науката Read More »

Почина Пол Остер, авторот на „Њујоршката трилогија“

Наградуваниот американски романсиер и сценарист Пол Остер почина од компликации предизвикани од ракот на белите дробови во својот дом во Бруклин во вторникот вечерта на 77-годишна возраст, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на пријателот и писател Џеки Лајден. Писателот роден во Њу Џерси е познат по низата признаени дела, од кои „Њујоршката трилогија“, „Левијатан“, „Сансет …

Почина Пол Остер, авторот на „Њујоршката трилогија“ Read More »

Распишани конкурси за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“

Министерството за култура распиша конкурси за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“ за 2024 година. Со државната награда „11 Октомври“ се оддава највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и во другите дејности од јавен интерес на државата. Наградата се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и …

Распишани конкурси за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“ Read More »

Последна фестивалска вечер од „Крај Вардарот Џез“: Концерти на „Macedonian Free Society“ и „Поетроника“

На 27 април е третата и последна фестивалска вечер од „Крај Вардарот Џез“. Во Едукативниот културен центар „Лабораториум“ со почеток во 21 часот со концертен настап ќе се претстават „Macedonian Free Society“. Потребата за нов-креативен, (о)слободен, инспиративен, а во исто време предизвикувачи израз, како соработка помеѓу извонредни автори и инструменталисти, кои ја исцртуваат новата историја …

Последна фестивалска вечер од „Крај Вардарот Џез“: Концерти на „Macedonian Free Society“ и „Поетроника“ Read More »