Швајцарците извезуваат помалку накит, но повеќе часовници

Архива на СП

Трговскиот биланс на Швајцарија за 2022 година покажа четвртина помал суфицит од претходната година, бидејќи увозот порасна многу посилен од извозот, покажаа денеска податоците на Федералната царинска управа.

Трговскиот суфицит на Швајцарија со светот минатата година изнесуваше 43,5 милијарди швајцарски франци (47,3 милијарди долари) и беше за 25,6 отсто помал од 2021 година. Извозот реално порасна за само 0,1 отсто, по скокот од 9,5 отсто во 2021 година. Номинално, извозот е зголемен за 7,2 отсто, поддржан од повисоки цени, а увозот за дури 16,8 отсто, покажуваат податоците на царинската управа, информира Хина. Послабиот раст на извозот во 2022 година во голема мера го одразува падот на извозот на возила од 6,9 проценти.

Намалени се и испораките на хемикалии и лекови и тоа за 4,4 отсто. Растот на извозот на накит нагло забави, на 21,3 отсто, од 38 отсто лани, што значително се одрази на вкупните извозни резултати во 2022 година. Во последните три месеци од минатата година, вкупниот трговски суфицит е намален за 11,3 отсто во однос на претходните три месеци и се лизна на 7,1 милијарди франци.

Истовремено, извозот е намален реално за 1,8 отсто, а увозот за 0,4 отсто. Извозот на часовници скокна за 5,8 отсто на годишно ниво во декември и ја скрши границата од две милијарди франци, што никогаш не се случило на крајот од една година претходно, покажаа податоците од Швајцарската асоцијација за индустрија на часовници. Во цела 2022 година, Швајцарија извезла часовници во вредност од 24,8 милијарди франци, што е за 11,4 отсто повеќе од претходната година, објави здружението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот