Бугарскиот претседател во уставниот рок ќе го свика новоизбраниот парламент

Бугарскиот претседател, Румен Радев ќе го свика новото Национално собрание во рокот утврден во Уставот и откако Централната изборна комисија ќе ги објави имињата на избраните пратеници во Службен весник, јави дописникот на МИА од Софија.

Во врска со повикот на бугарскиот премиер Бојко Борисов да се свика Големо национално собрание и да се промени бугарскиот Устав, прес-службата на шефот на државата за Бугарското национално радио потсети (БНР) дека ставот на претседателот Радев е дека промените во Уставот не треба да станат залог за нечиј политички опстанок.

Претседателот на Стратешкиот совет на претседателот, Александар Маринов, за Бугарското национално радио коментираше дека претседателот не е медијатор меѓу политичките сили во Бугарија. Според него, како нација, неопходната, иако задоцнета, промена е веќе постигната.

– Формирањето влада ќе биде тешка, но не и невозможна задача, додаде тој, додавајќи дека следната бугарска Влада нема да биде предводена од премиерот Бојко Борисов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот