Бугарскиот министер за надворешни изрази сочувство за загинатите во пожарот во Тетово

Светлан Стоев / Фото: МИА

По повод пожарот што синоќа избувна во модуларната болница во Тетово, бугарскиот министер за надворешнии работи Светлан Стоев испрати телеграма со сочувство до неговиот македонски колега Бујар Османи, информира прес-службата на Министерството за надворешни работи на Бугарија.

– Во име на Министерството за надворешни работи на Република Бугарија и во мое име, сакам да изразам искрено сочувство до семејствата и роднините на жртвите. Во овој тажен момент, нашите мисли се со сите нив, се наведува во телеграмата за сочувство.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, министерот за надворешни работи на Бугарија посака наскоро закрепнување на ранетите, како и „храброст и одлучност на властите во Република Северна Македонија во нивните напори да ги разјаснат причините и да ги надминат последиците од овој трагичен инцидент”.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот