Бугарски комедијанти се пишманија: Откажана претставата „Вражалец“ во Битола

Бугарската театарска претстава „Вражалец“ која на почетокот на февруари требаше да гостува во три македонски градови, нема да се одржи. Само еден ден по најавата дека бугарски комичари ќе гостуваат на сцената на Битолскиот народен театар, се откажува, соопшти Битолскиот народен театар, пренесува БНТ. Како што наведува бугарскиот медиум претставата била најавена за 1 февруари како дел од репертоарот на драмскиот куклен театар „Иван Радоев“ од Плевен, која била помогната од финансиерот на бугарските клубови во државата Милен Врабевски, како и од Министерството за надворешни работи на Бугарија и Генералниот конзулат на Бугарија во Битола.

„Би сакале да ве известиме дека претставата Вражалецкоја беше закажана на 1 февруари – гостувањето од Р. Бугарија на театарот Мелпомена се откажува“ информираат од БНТ, без да дадат детали кој ја откажува и зошто. Дали Битолскиот театар или пак гостите од Бугарија.

Најавата за гостувањето на бугарските комичари во Битола на социјалните мрежи беше протолкувана нова провокација од страна на Софија.

Инаку посетата на дел од најпопуларните бугарски актери беше по иницијатива и финансирање на Бугарската фондација меморија и МНР на Република Бугарија и требаше да се одржи на 1, 2 и 3 февруари во Битола, Штип и Струмица.

„Вчера попладне, за неколку минути, добивме две известувања од салите во Штип и Струмица за еднострано раскинување на договорите за настанот, поради технички проблеми кои настануваат на територијата на театрите поврзани со електричниот систем, кровната конструкција и греење кои не дозволуваат настан што ќе се одржи таму. Го контактиравме и Битолскиот театар, од каде не добивме експлицитно позитивен одговор дека претставата може да се одржи според планираното. Значи, за жал, продукцијата Вражалец не може во оваа фаза да ја посети С. Македонија“, велат од фондацијата „Бугарска памет“ за бугарските медиуми.

Во исто време дел од претставници од фондацијата на Врабевски во Битола соопштија дека гостувањето на театарската комедија била закажана уште пред три месеци, а не сега во овој чувствителен момент во односите меѓу двете држави, појаснувајќи ја целта на преставата како чин за зближување на двата народа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот