Бугарија ќе изгуби 90 до 150 илјади работни места доколку ЕУ го донесе овој закон

Социјално – економскиот совет смета дека Бугарија ќе биде меѓу најпогодените земји во ЕУ што се однесува до идните промени поврзани со „Зелениот договор“.

Доколку законот за климатска неутралност (Зелениот договор на ЕУ) до 2050 година стапи на сила во својот сегашен облик во Бугарија најпогодени ќе бидат секторите сообраќај и рударстви.

Бугарија ќе изгуби од 90 до 150 илјади работни места, изјави претседателот на Конфедерацијата на независни синдикати, Пламен Димитров.

Според претседателот на Асоцијацијата на индустриски капитал во Бугарија, Васил Велев, металскиот сектор и делови од хемиската индустрија ќе изгубат од „Зелениот договор“, бидејќи имаат голема потрошувачка на електрична енергија, а поради нејзината висока цена ќе станат неконкурентни, пренесува Бугарското национално радио.

Социјално – економскиот совет смета дека Бугарија ќе биде меѓу најпогодените земји во ЕУ што се однесува до идните промени поврзани со „Зелениот договор“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот