Бугарија ја напушти руски дипломат обвинет за шпионажа

„Втор руски дипломат, на кого претходно му беше дијагностицирана инфекција со коронавирус  се опорави и ја напушти територијата на Бугарија денеска”, наведе портпаролот на амбасадата.

Вториот од двајцата руски дипломати, кои Бугарија ги прогласи за персона нон грата под обвинение за шпионажа на 23 март, ја напушти државата, соопшти денеска руската Амбасада во Софија.

„Втор руски дипломат, на кого претходно му беше дијагностицирана инфекција со коронавирус  се опорави и ја напушти територијата на Бугарија денеска”, наведе портпаролот на амбасадата.

На 23 март, бугарското Министерство за надворешни работи прогласи двајца дипломати во руската амбасада во Софија за персона нон грата и им даде 72 часа да ја напуштат земјата поради активности, наводно, неспоиви со нивниот дипломатски статус.

Руската амбасада соопшти дека „ја смета одлуката на бугарската страна за неоснована”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот