Буфон се враќа во клубот во кој ја започна кариерата

фото: EPA-EFE/LUCA ZENNARO

Џанлуиџи Буфон по разделбата со Јувентус е во потрага по нов ангажман, а како што стојат работите тој ќе се врати во тимот во кој ја започна професионалната кариера, Парма.
Новинарот на Скај спорт Италија, Фабрицио Романо потврди дека, легендарниот италијански голман се договори за двегодишна соработка со својот поранешен тим.

Буфон професионалната кариера ја започна во Парма пред 26 години, а потоа во два наврати бранеше за Јувентус бидејќи една сезона (2018/19) бранеше за ПСЖ.
Парма следната сезона ќе настапува во Серија Б, но сигурно е дека со ангажманот на Буфон, амбициите на клубот се експресно да се врати во Серија А.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот