Будва: Цените на недвижностите паѓаат поради егзодусот на Украинците

Во Будва е преполовен бројот на украински граѓани, што се одразува на пазарот на недвижности и туризмот, пишува Побједа.

„Според системот за регистрација на живеалиште РБ90, од 1 ноември минатата година до 27 февруари, бројот на украински државјани е за 50 отсто помал од истиот период минатата година“, велат за „Побједа“ од Туристичката организација Будва.

Весникот пишува дека пред година и пол Будва била зафатена од бран украински граѓани кои по руската агресија врз својата земја спасот го нашле во метрополата на туризмот. Илјадници Украинци, главно богати, изнајмиле станови и куќи во Будва, очекувајќи војната брзо да заврши. Денес, многумина се вратија во Украина, или заминаа во други земји, главно на запад од Европа и Канада, бидејќи во Будва не најдоа услови да започнат бизнис или да се вработат, а ги потрошија своите заштеди, објави „СЕЕ.биз.еу“.

Доаѓањето на Украинците претставуваше голема финансиска инјекција, во Будва речиси и да немаше активност што не почна да генерира повисоки приходи. Цените за изнајмување станови вртоглаво пораснаа, прометот во продавниците во зимските месеци беше како во летниот шпиц. Сепак, во изминатите неколку месеци, особено од крајот на минатата сезона, бројот на украинските граѓани е во постојан пад. Сега кирија на станови најмногу бараат Турците. Но, тие не можат да ги платат кириите што ги плаќаат Украинците, па сега се движат од 450 до 550 евра.

За купувањето на станови Ранковиќ рече дека во моментов нема понуди бидејќи се продаваат мали станови, а во Будва нема. Поминуваат станови со цена и до 100.000 евра, посочува, но 95 отсто од нив се веќе продадени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот