Бучковски: „Патоказот“ е алатка за интензивирање на реализацијата на Договорот со Бугарија

Владо Бучковски/Фото: МИА

Патоказот треба да биде една од алатките за интензивирање на реализацијата на Договорот за соработка и пријателство, вели специјалниот пратеник на Владата во разговорите со Бугарија, Владо Бучковски во изјава за ТВ Телма.

– Во интензивната комуникација што ја правиме со Министерството за надворешни работи на Бугарија, очекувањата од наша страна е да ги добиеме евентуалните забелешки и дополнителни предлози за акцискиот план. Значи, патоказот или патната карта, како што ја нарекуваат, треба да биде една од алатките за интензивирање на реализацијата на  Договорот за соработка и пријателство. Мислам дека тоа би требало да го добиеме по Нова година, што би било еден позитивен импулс дека ќе имаме нова, посериозна шанса би рекол пред парламентарните избори да видиме дали можеме да изнајдеме компромис за неколкуте отворени прашања, изјави Бучковски.

Нашиот тим, вели Бучковски, интензивно се координира, се обидуваме да бидеме проактивни, да покажеме подготвеност од наша страна дека нема откажување и покрај разочарувањето.

– Португалското претседателство е нова шанса. Пред изборите во Бугарија ќе се обидеме да ги дефинираме и убеден сум дека ќе ги дефинираме оние прашања кои се најприоритетни да ја вратиме довербата, изјави Бучковски за ТВ Телма.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот