Бројот на жртви во поплавите во Јапонија се искачи на 66 лица

Фото: EPA-EFE/KIMIMASA MAYAMA

Бројот на жртви во поплавите што ја погодија Јапонија се искачи на 66 луѓе, а 16 се водат како исчезнати. Јапонската метеоролошка служба соопшти дека обилен дожд се очекува и за време на викендот.

Поголемиот  број загинати ио исчезнати лица се од префектурата на островот Кјушу.

Надојдената вода и опасноста од нови свлечишта ги пролонгираат спсувачките операции, а дел од жителите кои се заробенио во своите домови се евакуираат по воздушен пат.

Околу 2.000 луѓе и понатаму се заробени на 70 локации.

И покрај тоа што евакуацијата не е задолжителна над 1,2 милиони луѓе ги напуштија свооите домови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот