Бројот на загинати во несреќата во Грција се искачи на 40, има исчезнати, се стравува за нови жртви

Фото: Profimedia

Бројот на загинати во железничка несреќа во Грција се искачи на 40, соопштија претставници на противпожарната бригада и полиција на Грција.

Според грчките медиуми, се проценува дека бројот на загинати ќе се зголеми. На лекување се 72 повредени, од кои шестмина се на интензивна нега. Претходно грчката државна телевизија ЕРТ објави дека меѓу 50 и 60 лица се уште се водат како исчезнати.

Грчкиот министер за инфраструктура и транспорт Костас Караманлис поднесе оставка, а премиерот Киријакос Мицотакис, по посетата на местото на несреќата, трагедијата ја опиша како „неопислива“ и изрази искрено сочувство до роднините на жртвите.

„Наша должност сега е да ги лекуваме ранетите и да бидеме со нив. Можам само да гарантирам дека ќе ги дознаеме причините за оваа трагедија и ќе направиме се што е во наша моќ за да не се повтори никогаш“, напиша тој на Твитер.

ВИДЕО | Најмалку 32 загинати и 85 повредени во железничката несреќа во Грција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот