Бројката на заразени од коронавирусот во светот е над 105.000, прв случај и на Малдиви

Според последните податоци во светот со новиот коронавирус се заразени 105.625 луѓе, а Бугарија и Кипар се единствените земји – членки на ЕУ без регистрирани случаи.

Од друга страна, првите два случаи на вирусот денеска се регистрирани и на Малдивите. Се работи за двајца вработени во туристичко одморалиште, а се претпоставува дека болеста им ја пренел турист од Италија, кој се вратил во неговата земја, каде тестовите покажале дека е позитивен на новиот коронавирус.

Првиот случај на новиот коронавирус денеска е потврден и на Малта, а станува збор за 12-годишно девојче кое во вторникот се вратило од Италија.

Бројот на новозаразени во Кина за еден ден е помал од 100 за првпат од 21 јануари, соопштија денеска кинеските власти. Националната здравствена комисија објави дека се регистрирани 99 нови инфекции, од кои 74 во покраината Хубеи.

Во Италија, европското жариште на епидемијата, во последните 24 часа починале 36 луѓе со што вкупниот број на жртви досега изнесува 233, додека бројот на заразени лица се искачи на 5.883, соопштија вечерва локалните власт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот