Брнабиќ верува во гаранциите на меѓународната заедница за формирањето на ЗСО

epa-efe
Ана Брнабиќ /Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ по повод денешната посета на специјалниот пратеник на ЕУ Мирослав Лајчак на Приштина и Белград оцени дека дипломатските активности се забрзуваат и притисокот се засилува и додаде дека верува во гаранциите на меѓународната заедница во однос на формирањето на Заедницата на српски општини.

Таа за РТС изјави дека Лајчак прво оди во Приштина и дека основањето на ЗСО, колку што може да види, било тема таму, додавајќи дека не ја интересираат ставовите на косовскиот премиер Албин Курти за ова прашање.

Брнабиќ потсети дека ЗСО е договорено и за него е преговарано пред десет години како дел од Бриселскиот договор, во 2013 и 2015 година и нагласи дека верува во гаранциите на меѓународната заедница дека така ќе се формира.

Таа објасни дека верува во гаранциите на меѓународната заедница бидејќи, како што рече, не знае како би гарантирале некој друг договор доколку овој не се исполни.

„Нема да биде лесно“, рече Брнабиќ, додавајќи дека очекува манипулации и обиди за промена на договорот „од пријателите на Приштина“.

Таа, исто така, оцени дека никој во светот, со војната во Украина и новите тензии меѓу САД и Кина, не се чувствува задоволен со каков било „потенцијален конфликт и нестабилност“ и дека сака, како што рече, „да ги изгаснат потенцијалните жаришта“.

Брнабиќ смета дека ставот на Западот е „да се стави крај“ на потенцијалните конфликти, „но и да се отстранат преседани како што е Косово од агендата“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот