Британски доктор ја освои наградата за најдобра „џигерица“ на Светското првенство во Австралија

Британски доктор ја освои наградата за најдобра „џигерица“ на Светското првенство во Австралија / Фото Твитер

Британски доктор ја освои титулата за најдобра „џигерица“ на Светското првенство во „џигерици“. Д-р Аластер Буш, од кампот Бовингтон, Дорсет, рече дека е „премногу горд“ што го освоил трофејот на натпреварот во Нов Јужен Велс, Австралија.

Во февруари, докторот слетал за да учествува на натпреварот што се одржал во паб во австралискиот град Кури Кури. Тој победи и беше повикан назад за да учествува во финалето, кое се одржа во саботата во паркот за мотоспорт во долината Хантер, пренесува Би-Би-Си.

Д-р Буш рече дека тоа бил „двегодишен проект“ кој го користел за собирање средства и подигање на свеста за добротворната организација „Ракот на тестисите“ во Велика Британија.

„Апсолутно е фантастично. Супер воодушевен сум од веста – навистина сум пресреќен. Тоа беше забавен ден, се случуваше толку многу, а запознав неверојатни луѓе и видов неверојатни фризури“ раскажа тој.

Д-р Буш почнал да ја одгледува својата „џигерица“ за време на локдаунот во октомври 2021 година, кога не можел да оди во берберница. Мулетфест започнал во 2018 година во Кури Кури – мал град со 6.000 луѓе на околу 120 километри северно од Сиднеј – и секоја година привлекува илјадници луѓе од целиот свет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот