Британка на 15 години се приклучила на ИСИС во Сирија: Направив голема грешка

Младата Британка која на 15 години се приклучила на ИСИС во Сирија/ Фото Screenshot Twitter ITV Good Morning Britain

На свои 15 години, младата Британка, Шамима Бегум, одлучила да го напушти својот дом и да замине во Сирија во друштво на двајца пријатели. Во февруари 2015-та година, таа се приклучила на ИСИС, се омажи за нивен член и после тоа, се во нејзиниот живот тргна надолу, пренесува британски ИТВ.  

Денес таа е во камп во Сирија и ги моли британските власти да и го вратат државјанството и да и дозволат да се врати.  

„Претпочитам да умрам отколку да се вратам во терористичка организација“, рече 22-годишна девојка што престојува во кампот во северна Сирија контролиран од вооружени стражари. Во интервју за емисијата „Добро утро Британија“ на ИТВ, уапсената Шами рече дека Исламската Држава ја увериле дека работите што таа ги прави се целосно исправни, но тврди дека „нема оправдување за убивање луѓе во име на Бога“. 

„Се извинувам. Многу ми е жал“ вели таа. 

Денеска таа учествуваше на емисијата во живо и објасни дека отишла во Сирија затоа што мислела дека „тоа е вистински потег за една муслиманка“.  

“Не сакав да повредувам никого во Сирија или на кое било друго место во светот. Во тоа време, не знаев дека тоа е култ на смртта, мислев дека тоа е исламска заедница”, додаде таа.  

Нејзините обиди за враќање на државјанството засега се безуспешни. За време на интервјуто за „Добро утро Британија“, таа се обрати до Борис Џонсон и го замоли да и дозволи повторно да влезе во Обединетото Кралство и да покрене судска постапка за да го врати државјанството што и беше одземено во јули 2020-та година. 

“Очигледно е дека се борите со екстремизмот и тероризмот во земјата. Сакам да помогнам во тоа, да го кажам сопственото искуство со тие екстремисти, да ви објаснам што велат и како ги убедуваат луѓето да го прават она што го прават”, изјави таа. 

Во Сирија таа се омажила за борец на Исламската држава и живеела во Рака, главниот град на самопрогласениот џихадистички калифат. Таа останала таму четири години додека не била пронајдена во логор.  

Откако ја напуштила Британија, таа родила три деца, но сите три деца во меѓувреме починале, пред да наполнат две години.  

“Не знам како и зошто починаа. Некои луѓе ми рекоа дека имаат инфекција на белите дробови, а причината можеби е загадениот воздух што го дишеле”, заклучи Бегум. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот