БРИТАНКА БИЛА РАСТРГНАТА ОД СОПСТВЕНИТЕ КУЧИЊА: Соседите ја слушнале како вика, но предоцна (ФОТО)

Фото: Принтскрин

„Не знаеме што би можело до таа мера да ги испровоцира кучињата, па толку да полудат. Некои кажуваат дека чуле расправија, но никогаш не се знае. Тие кучиња никогаш не правеле проблеми на било кого“, раскажал еден од соседите.

Соседите на мајка на три деца, која умрела откако ја нападнале сопствените кучиња во британскиот Чешајр, откриле дека пробале да ја спасат несреќната жена, но безуспешно.

Елејн Стенли (44) била пронајдена со тешки повреди, а брзо потоа починала на местото на несреќата – и тоа во својата дневна соба.

Publiée par Elayne Stanley sur Samedi 24 mars 2018

Соседите велат дека ја нападнале нејзините кучиња, мешавини на мастиф, Били и Џеј.

Нејзините три преплашени деца – 22 годишната ќерка Луиз и 12 годишните близначки, не биле во просторијата кога кучињата ја нападнале својата газдарица.

– Едвај успеав да ги тргнам кучињата од неа. Беа огромни. Пробав да ги истерам со алатки, но откако тоа не работеше, фрлав цигли по нив. Дури тогаш успеав – раскажал соседот Рис.

– Кучињата на кратко побегнаа, додека јас и другите соседи се обидувавме да ги затвориме нејзините отворени рани со пешкири. Пробав да и дадам вештачко дишење додека да дојде итната помош – додал соседот.

Другиот сосед вели дека од дворот забележал како кучињата ја напаѓаат Елејн.

– Кучињата ја влечеа насекаде, страшно беше да се слуша како вика – рекол тој.

Publiée par Elayne Stanley sur Samedi 3 novembre 2018

Кучињата, за кои не се мисли дека се забранета раса, ги нападнале и полицајците кога стигнале на место на случајот. Едно од кучињата било застрелано со два куршуми, додека другото некако успеале да го смират. Сега е во кафез.

Полицијата соопштила дека никој нема да биде уапсен, бидејќи кучињата биле легално купени и живееле на адреса на сопственичката. Сите соседи за убиената мајка велат дека била прекрасна личност и дека им е жал за нејзините деца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот