Фото: Јутјуб/Принтсксрин

Брилијантно го отелотвори „Џокер“, а почина на врвот на славата: Хит Леџер денеска ќе наполнеше 46 години

Хит Леџер е роден на 4 април 1979 година во едно од најистакнатите семејства во градот Перт во Западна Австралија. На 16-годишна возраст, го напуштил средното училиште за да замине во Сиднеј со својата тогашна девојка и таму да започне актерска кариера.

Уште пред тоа, како дете Леџер имал искуство како актер во ТВ серија снимена во Перт, што добро го искористил во неколку филмови и ТВ серии во Австралија. Во 1999 година, неговото големо холивудско деби следеше со Џулија Стајлс во тинејџерската комедија „10 работи што ги мразам за тебе“.

Подоцна глумел со Мел Гибсон во историскиот спектакл „Патриот“, а во 2001 година ја добива главната улога во историскиот филм „Легендата на витезот“. Во 2005 година, Леџер играше геј каубој во планината Брокбек, еден од неговите најпознати и во исто време најконтроверзни филмови.

Постхумно доби Оскар за Џокер

Сепак, улогата по која најмногу ќе го паметат фановите е онаа во „Мрачниот витез“, вториот дел од сагата за Бетмен, каде што брилијантно го отелотвори Џокер, за кој постхумно доби и Оскар. Тоа беше последната улога за актерот.

Леџер беше во врска со Мишел Вилијамс, со која ја доби ќерката Матилда Роуз во 2005. Актерот и Мишел раскинаа две години по раѓањето на нивната ќерка.

Неколку месеци откако Вилијамс и Леџер раскинаа, Хит беше пронајден мртов во неговиот стан. Тој почина на 28-годишна возраст од предозирање со дрога.

По смртта на поранешниот сопруг, Вилијамс се повлече од јавноста и направи пауза од кариерата, а со Матилда се пресели од Њујорк во помирен град.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот