Брера Струмица закажа четири контролни натпревари во Анталија

фото: Брера Струмица

Фудбалерите на Брера Струмица ја завршија првата фаза од подготовките за пролетниот дел на првенството која се реализираше во Струмица. Како што соопшти тренерот на екипата Бојан Круљ интензивно се работеше две недели пред сè на подигнување на физичката подготвеност на фудбалерите со цел подобро да го реализираат вториот дел во Анталија.

Токму во Турција ќе се работи на воигрување на екипата, но и на тактички план пред сè преку закажаните контролни средби.

Се надевам дека сме подготвени. Имавме и по два тренинга дневно овие две недели. Она што е многу важно да немаме повредени, сите поминавме како треба во овој прв дел од подготовките и нè очекува тој дел во Анталија каде треба да се подготвиме и воиграме на сите позиции. Искрен да бидам ние овде одигравме само еден натпревар помеѓу себе, два пати по половина час, а во Анталија фокус ќе ни бидат сите играчи да добијат шанса.

Резултатот ќе биде важен, но поважно ќе ни биде да бидеме подготвени за она што допрва нè очекува. Играчите ќе имаат подеднаква минутажа до последните две контролни средби каде ќе дозволиме поголема минутажа на некои за да го искристализираме тимот – рече Круљ, според кого добро се вклопија новите засилувања во тимот и има одличен амбиент за работа.

Брера Струмица во Анталија ќе игра контролен натпревар против Верес од Украина на 26 јануари, а потоа ќе следуваат проверки и против Черноморец Одеса, Рух од Полска и екипата на Атирај од Казахстан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот