Бошњаците бараат да се преиспитаат резултатите од пописот

Попишување домаќинство во Ѓорче Петров/ Фото: Слободен печат/ Ристе Пејовски

Бошњачки демократски сојуз како политичка партија и на почетокот на процесот на попишување изрази сомнеж во исправноста на самиот процес и одредени неправилности. За жал нашите претпоставки се испоставија точни, реагираат од партијата.

„Податоците од пописот за нас се неприфатливи затоа што постојано работиме на терен и ја знаеме реалната фактичка состојба. Нашата примедба е во пристапот на попишување. Имено, имаме лични сведоштва на граѓани кои биле попишувани според претпоставки за нивната етничка и верска припадност. Притоа, граѓаните, немаа можност во исто време да направат увид во внесените податоци.

Ништо помалку важна не е ниту забелешката за отежнатиот процес на попишување на дијаспората. Добивме забелешки за бројни технички проблеми со апликацијата при попишување, поради што уверени сме и тврдиме дека бројот на Бошњаци кои живеат надвор од територијата на Р.С.Македонија е далеку поголем.

Поради сето ова наведено, јавно укажуваме на пропустите и се заканивме со излегување од владеачката коалиција и бевме уверувани дека пописот ќе се спроведе коректно и во согласност со сите правила. За жал резултатите не го покажуваат тоа и не ја одразуваат реалноста. Затоа, укажуваме дека податоците од пописот фрлаат сенка врз работењето на државните институции и ја доведуваат во прашање функционалноста и довербата во истите.

Бараме да се преиспитаат резултатите и да се утврдат неправилностите за да резултатите од пописот спроведен по две децении бидат реални и да одговараат на потребите на граѓаните, а не да служат на поткусурување на партиските интереси“, стои во партиското соопштение.

Македонија „десеткувана“, изгубила 185.834 жители!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот