Босанските земјоделци бараат помош од државата за пролетната сеидба

Земјоделство/Фото: EPA/MALTON DIBRA

Земјоделците во Босна и Херцеговина се на прагот на пролетна сеидба и тешко дека можат да ги остварат зацртаните цели без помош од надлежните. Оние кои веќе набавиле суровина, најчесто ја добивале на вересија, бидејќи моментално немаат пари.

За приближно 15 дена ќе почне пролетната сеидба на обработливите површини во Босна и Херцеговина, а земјоделците се соочуваат со веќе познатите проблеми, кои се поврзани пред се со несовесниот однос на надлежните. Тузланскиот кантон е втор во БиХ во контекст на производството на млеко, а планот за пролетна сеидба таму во 2024 година предвидува дека 44.184 хектари земјоделско земјиште ќе бидат засеани со жита, зеленчук, индустриски и фуражни растенија, што е за 492 хектари помалку од минатата година.

И додека во високата политика се разговара за стратегијата на земјоделството, млекарниците, кои се и производители на храна, се загрижени со кои средства ќе се посеат нивите бидејќи се уште немаат пари, а ветувањата не се исполнети.

Земјоделските производители наскоро треба да излезат на полињата, но се е тешко поради беспарицата. Од друга страна, стратегијата за земјоделство и рурален развој на ФБиХ од 2021 до 2027 година предвидува создавање побезбедна и попредвидлива средина за земјоделските производители, организаторите на откупот и преработувачите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот