Босанските инспектори спречија увоз на 27 тони египетски компир заразен со штетни организми

unsplash

Пратка од 27 тони меркантилен компир со потекло од Египет неодамна не беше пуштена во Босна и Херцеговина поради неисполнување на условите за увоз. Сојузната фитосанитарна инспекција во постапката за задолжителна контрола на растенијата зеде мостри за испитување и утврдување на присуство на карантински штетни организми.

Како што се наведува, со лабораториската анализа е утврдено дека компирот е заразен со одреден штетен организам, што е спротивно на одредбите од Законот за заштита на здравјето на растенијата, поради што пратката не може да се пушти во оптек и употреба. Увозот на 27.000 килограми е забранет, а содржината ќе се уништува под надзор на надлежен фитосанитарен инспектор, пишува „Агроклуб“.

Порталот претходно објави дека на почетокот на јануари на европскиот пазар ќе пристигне раниот египетски компир, кој оваа сезона генерално е квалитетен без болести и штетници.

„Во оваа земја очекуваат голема побарувачка од странство. Исто така, се предвидува раст на цените“, велат од „Фреш плаза“. Менаџерот за извоз во компанијата „Ал Гамала“, Мухамед Хасан рече дека верува оти ќе се повтори сценариото од минатата година кога побарувачката ја надмина понудата, како и поскапувањето. Проблемите кои настанаа при производството се наглото поскапување на ѓубривата и другите земјоделски инпути.

Производителите очекуваат голема побарувачка од европскиот пазар, што е поткрепено со податокот дека странските купувачи склучиле договори за илјадници тони, објави Политика.рс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот