Босанскиот интернационалец Мустафица ќе го носи дресот на КК Работнички

Мустафица досега ги бранеше боите на Промо Доњи Вакуф/Фото: sport1.oslobodjenje.ba

Одличните игри во минатите натпреварувачки сезона на Недим Мустафица го привлекоа вниманието на клубовите..

Босанскиот интернационалец одлучи својата кариера да ја продолжи во редовите на кошаркарскиот клуб на Работнички.

Досега настапуваше во екипата на Промо Доњи Вакуф каде што играше вкупно три години.

Во Промо имаше просек од 17,1 поени, 7,5 скокови и 1,7 асистенција по меч.

– Свесни сме дека нашиот Недим, како вистински спортист кој секогаш бара повеќе и подобро, не сакаше да ја пропушти шансата да се докаже на повисоко ниво. Можеме само да му се заблагодариме за сиот придонес кој го даде за нашиот клуб во последните две децении, од пионерската доба до денес, особено за улогата што тој, како капитен и вистински лидер на тимот, ја одигра на теренот во постигнувањето пласман во Првата лига и успешните настапи во нашите први две сезони во тој ранг. Недим, ти посакуваме многу одлични настапи и победи во новиот тим – велат од КК Промо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот