Борусија Дортмунд подготвува нова трансфер бомба и го пушта Халанд да си оди

Карим Адејеми се наоѓа пред трансфер во Борусија Дортмунд/ фото: EPA-EFE/Philipp Guelland

Германскиот бундеслигаш Борусија Дортмунд се наоѓа пред потпис со напаѓачот на Салцбург, Карим Адејеми. Италијанскиот новинар Фабрицио Романо потврди дека преговорите се во завршна фаза и во најскоро време трансферот треба да биде официјализиран.

Иако има понуда и од Барселона, младиот напаѓач кој минатата година дебитираше за сениорската репрезентација на Германија, смета дека Борусија е вистинскиот избор за продолжување на развојот како фудбалер.

Адејеми смета дека во Барселона во конкуренција на Депај, Обамејанг, Торес, не би бил прв избор во нападот, додека таа улога сигурно би ја добил во Борусија.

Доаѓањето на Адејеми во Борусија, ќе значи и заминување на Ерлинг Халанд кој во договорот има клаузула според која на лето може да ја напушти екипата доколку некоја екипа понуди 75 милиони евра.

Обесштетувањето се очекува да изнесува помеѓу 35 и 40 милиони евра, а Адејеми би потпишал договор на пет години со што би станал второ засилување за „милионерите“ за идната сезона откако Николас Зиле по истекот на договорот со Баерн Минхен, потпиша за Борусија.

Карим Адејеми има 20 години и на 79 натпревари во дресот на Салцбург постигна 28 гола имаше 19 асистенции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот