Борусија Дортмунд ќе добие понуда од 130 милиони евра за Џуд Белингем?!

фото: EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Џуд Белингем, фудбалерот на Борусија Дортмунд, и натаму останува една од желбите на Реал Мадрид. Флорентино Перез, претседателот на шпанскиот клуб подготвува големо лето годинава кое ќе се прераскажува, пишуваат шпанските медиуми.

„Марка“ пренесува дека бундеслигашот за својот играч ќе добие понуда од 130 милиони евра. Првиот човек на „кралевите“, Перез верува во добрите односи со раководството на Дортмунд и дека ќе го ангажира играчот од средниот ред пред Ливерпул која исто така ја следи ситуацијата со Англичанецот.

Доколку Белингем се одлучи да се пресели на „Сантјаго Бернабеу“, тоа значи дека пред излезните врати ќе биде Тони Крос или Лука Модриќ.

И Германецот и Хрватот имаат договори до јуни оваа година, Реал го чека расплетот на Белингем, се најавува дека можно е Крос следното лето да се пензионира.

Доколку Крос одлучи да ја продолжи кариерата, тогаш ќе потпише нов договор, што автоматски значи дека Модриќ ќе стане слободен, тврди „Марка“, но и ќе се почека да се види дали Шпанците имаат намера и во иднина да сметаат на хрватскиот репрезентативец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот