Борусија Дортмунд ги кани екипите да лицитираат за Санчо – Слободен печат
СпортФудбал

Борусија Дортмунд ги кани екипите да лицитираат за Санчо

Најголемите екипи со нетрпение го очекуваа епилогот од кавгата на релација фудбалер - тренер и управа.

Џејдон Санчо, младата англиска фудбалска ѕвезда сезонава не ги прикажува игрите од минатата сезона кога ја залуде цела Европа.

Младиот 19-годишен фудбалер направи вистински потег кога од Манчестер сити се пресели во Борусија Дортмунд и веднаш стана вистинска сензација на која и предвидуваат голема кариера.
Меѓутоа се чини дека неговото време во Дортмунд полека завршува, и тоа по недоразбирањата кои започнаа сезонава. Санчо поради доцнење по репрезентативната пауза беше казнет со 100.000 евра, а ѝ игрите кои ги прикажува оваа сезона се далеку од очекуваните. Најдобар доказ за формата на Санчо е дербито против Баерн кога беше заменет по само 36 минути игра.

Токму првите кавги на релација играч – тренер и управа, беа сигналот за најголемите екипи да тргнат во акција, а за тоа добија и зелено светло од Борусија Дортмунд.

Реал Мадрид веќе и официјално побара средба со челниците на „милионерите“, додека Барселона, ПСЖ и Манчестер јунајтед, се подготвени во секој момент да влезат во трката за потписот со Санчо. Последен клуб кој официјално пројави интерес и има можност да го плати обесштетување е Ливерпул.

„Милионерите“ им порачаа на сите заинтересирани екипи да не доаѓаат на преговори доколку понудата е помала од 100 милиони евра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close