Борисов: Нема да бидам кандидат за премиер

Бојко Борисов/Фото: EPA-EFE/VASSIL DONEV

Нема да бидам кандидат за премиер, изјави денеска претседателот на ГЕРБ, Бојко Борисов, по завршувањето на консултациите со бугарскиот претседател Румен Радев.

„Половина од пратеничката група на ГЕРБ-СДС се министри и многу брзо може да се направи предлог владин кабинет“, појасни Борисов.

ГЕРБ-СДС имаат опција и за експертски и за партиски владин кабинет.

„Убеден сум дека најдоброто нешто за Бугарија е коалиција меѓу двете најголеми политички сили -ГЕРБ-СДС, од една, и „Промените продолжуваат – Демократска Бугарија“, од друга страна“, , додаде лидерот на ГЕРБ.

Притоа поранешниот бугарски премиер по средбата со претседателот Радев истакна дека „секој кој ја сака државата мора да направи компромис“.

„Омразата што ја видов во парламентот меѓу другите партии ме потсетува на она што беше против нас пред две години“, рече Борисов, потенцирајќи дека оваа омраза никаде нема да ја однесе Бугарија и затоа повика на трпение и внимание.

Шефот на државата, Румен Радев, претходно денеска одржа консултации со ГЕРБ-СДС и притоа тој посочи дека најголемата одговорност за формирање влада сноси најголемата политичка сила во Собранието

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот